ИКОНОМОВ, Георги Теохаров

ИКОНОМОВ, Георги Теохаров (Скопје, 16. Ⅰ 1911 – Скопје, 26. Ⅳ 1995) – фармацевт. Дипломирал фармација во Загреб, работел во Кичево и во Скопје. Член на Здравствениот одбор при Фармацевтскиот актив во Скопје, кој од 1941 г., прогресивно ориентиран, се залага за сопствен систем за организација на аптекарската служба, како и за набавка на санитетески материјал и лекови за доставување до партизанските единици и изработка на експлозивен материјал. Посебна заслуга има за напредокот на фармацевтската фабрика „Алкалоид” со отворањето на нови одделенија за производство на фармацевтски препарати. Л. П.-Т.