ИЗМИРЛИЕВА-ПАНИЦА, Екатерина

ИЗМИРЛИЕВА-ПАНИЦА, Екатерина (Кукуш, 1882 – Софија, 1967) – просветен работник, сопруга на револуционерот Тодор Паница. Ја завршила Солунската женска егзархиска гимназија, а потоа била учителка во с. Просечен (Драмско), во Солун и во с. Горно Броди (Серско). Подоцна емигрирала во Бугарија и била учителка во гр. Месемврија (ден. Несебр) и во други места. Била соработник на ТМОРО. ИЗВ.: Б. Мирчев, Спомени за Екатерина Иванова Измирлиева-Паница, „Известиџ на Институтот за историџ”, бр. 12, Софиџ, 1963, 139-159. ЛИТ.: Туше Влахов, Кукуш и неговото историческо минало, 2. изд., Софиџ, 1969; Псевдоними и кратки сведениџ за дејци на македоно-одринското освободително движение, „Вардар”, Но. 11, Благоевград, 11 Ѓни 1990. С. Мл.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *