ИЗИИС

ИЗИИС (Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, Скопје) ње на техничката регулатива и донесување нови стандарди, лабораториски и теренски динамички испитувања, сеизмичко набљудување и прогноза на ризикот. Главната организациона структура ја сочинуваат групите за истражување, развој и консалтинг, комплексот лаборатории, центрите за меѓународна соработка, богатата библиотека и услужниот дел. Особено е значајна научноедукативната дејност на ИЗИИС – за 4 децении 400 студенти од земјата и странство поминале низ постдипломските студии, од кои 130 го стекнале звањето магистер на технички науки, а преку ментор-ски студии 30 кандидати станале доктори на технички науки. Остварува богата меѓународна соработка со земји од сите континенти. Тој е добитник на повеќе награди и признанија. Љ. Т. Тома Измирлиев