ИЗВРШЕН СОВЕТ НА НРМ/ СРМ

ИЗВРШЕН СОВЕТ НА НРМ/ СРМ .- извршен орган на државната власт во периодот од 1953 до 1991 година. Во периодот 1953-1963 се формирани три состави на Извршниот совет на НРМ (два во 1953 и еден во 1958 г.). Првиот Извршен совет на НРМ е формиран на 3. Ⅱ 1953 г., во состав: Лазар Колишевски, претседател; Љупчо Арсов, потпретседател; Видое Смилевски, потпретседател; Вера Ацева, член; Страхил Гигов, член; Киро Георгиевски, член; Мито Димитриевски, член; Боге Кузмановски, член; Никола Минчев, член; Методија Митевски, член; Лазар Мојсов, член; Наум Наумовски, член; Благој Попов, член; Елисие Поповски, член; Кемал Сејфула, член; Крсте Црвенковски, член; Лилјана Чаловска, член; Реис шакири, член; Димитар Алексиевски, член; Цветко Узуновски, член и Мито Хаџивасилев, секретар. Во периодот од 1963 до 1991 г. се формирани десет состави на Извршниот совет на СРМ (1963, 1965, 1967, 1968, 1969, 1971, 1974, 1978, 1982 и 1986). Првиот Извршен совет на СРМ е формиран на 25. Ⅵ 1963 г., во состав: Александар Грличков, претседател; д-р Асен Симитчиев, потпретседател; Кемал Сејфула, потпретседател и членови: Жив ко Брајковски, Васил Гривчев, Трпе Јаковлевски, Веселинка Малинска, Осман Мифтари, Гога Николовски, Мориц Романо, Ангел Чемерски, и Мире Доневски, секретар. ЛИТ.: Македонија од АСНОМ до денес, Скопје, 2005. Св. ш.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *