ИЗВОР

ИЗВОР – рудник на талк, кој се наоѓа околу 25 км јужно од Велес, во атарот на с. Извор. Оруднувањето се јавува по должината на главната тектонска руптура во тесен издолжен појас од околу 3–4 км, широк околу 150 м на контактот Вардарска зона и Пелагонискиот хорст антиклинориум. Оруднувањето се јавува на повеќе места, има слоевита форма со различна должина на протегање и дебелина до 5 м. Просторно талкот се наоѓа во талкшистите. Хемискиот состав на рудата е: СиО 43%, Ал О 13,6%, МгО 18–23% и 23 Фе О 7,46%. Рудните резерви се 23 околу 100.000 тони, а најголемиот дел е експлоатиран за потребите на фабриката за талк во Велес. Генетски наоѓалиштето е од контактно-метаморфен тип. ЛИТ.: Милорад Стојановиќ, Наоѓалишта на неметални минерални суровини во Македонија, Скопје, 2005. Т. Сер.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.