ИДРИЗИ, Риза

ИДРИЗИ, Риза (с. Мерово, Тетовско, 11. Ⅷ 1928) – учесник во НОАВМ (1944) и член на КПМ (од 1946). Завршил виша управна школа. Бил секретар на Околискиот комитет на Народната младина во Тетово, управник на ХЕЦ „Маврово”, шеф на одделение во Фабриката „Тетекс” во Тетово, шеф на месна канцеларија и правник во филијалата на „Жито Македонија” во Тетово. Подоцна бил пратеник во Републичкиот собор на Собранието на СРМ (1970), член на Одборот за општественополитички систем и член на Одборот за народна одбрана. С. Мл. Избори во РМ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *