ИГНАТИЕВ, Николај Павлович

ИГНАТИЕВ, Николај Павлович (С.-Петербург, 29. Ⅰ 1832 – Круподерници, Киевска губернија, 3. Ⅲ 1908) – руски гроф, генерал и дипломат, панславист и претседател на Советот на Санктпетербуршкото словенско благотворно друштво (СПБСБД). Завршил генералштабна академија (1851). Откако стапил во дипломатска служба (1856), престојувал во Бухара и Кина (1857&1860), а потоа бил директор на Азискиот департамент во Минстерството за надворешни работи (1961&1864). Бил руски пратеник (1864&1867) и амбасадор (1867&1977) во Цариград. Како добар познавач на балканските проблеми, ги поттикнувал балканските ослободителни движења за борба против Османлиската Империја. Го помогнал разрешувањето на бугарското црковно прашање (1870). Имал решителен став против унијатското движење во Македонија (1873&74). Заради обезбедување неутралност на големите европски сили пред претстојната Руско-османлиска војна, направил дипломатска обиколка на Берлин, Виена, Лондон и Париз (февруари&март 1877). Бил еден од иницијаторите за одржувањето и автор на нацртот на проектот на Цариградската конференција (1876&1877), со Македонија како посебна провинција. Добил грофовска титула (1877) и генералски чин (1878). Бил автор на нацртот и потписник на прелиминарниот Санстефански мировен договор (3. Ⅲ 1878). Поради неговата ревизија на Берлинскиот конгрес (1878) се повлекол од активната дипломатска служба. Бил министер за државните имоти (1881&1882), министер за внатрешни работи (1882) и член на Државниот совет и сенатор (1882). За заслугите за Бугарија, бил избран за почесен член на Бугарското книжовно дружество (1902). Како претседател на Советот на СПБСБД, се залагал за заштита и помош на македонските бегалци во Бугарија, го најавил очекуваното востание, но песимистички гледал на македонското ослободително движење, а востанието го оценувал за предвремено. ИЗВ.: Д. Јоцовъ, Изъ архивата на графъ Николай Павловичъ Игнатиевъ. (Една записка на руския министъръ на външнитÏ работи до императора Николай Ⅰ от‹ 1829 година), „Периодическо списание”, ⅩⅪ, 1&2, София, 1909, 451&462; Записки графа Н. П. Игнатиева (1875&1877), „Исторический вестникъ”, Петроград, 1914, 135 и 136; Записки графа Н. П. Игнатиева (1864-1874), „Известия Министерства иностраннÎх дел”, Петроград, 1914&1915; Поездка графа Н. П. Игнатиева по европейским столицам перед войной 1877&1878, „Русская старина”, 1914, 157&159. С. Мл.