ИВИЌ, Павле

ИВИЌ, Павле (Павле ИвиÊ) (Белград, 1. Ⅻ 1924 – Белград, 19. IX 1999) – српски лингвист, славист, србокроатист, теоретичар на јазикот, историчар на јазикот, дијалектолог, редовен член на САНУ од 1978, член на МАНУ надвор од работниот состав (1986). Основач на српската школа за структурална, функционална лингвистика, автор на модерната класификација и на монографскиот опис на српските дијалекти, автор на неколку стотици трудови од областа на српската, јужнословенската и словенската дијалектологија, дел од нив и со трајно место во историјата на теоретската лингвистика. БИБ.: О говору галипољских Срба (Београд 1957), Дие Сербокроатисцхен Диалекте шИхре Структур унд Ентњицклунг, Ерстер Банд: Аллгемеинес унд дие штокависцхе Диалектгруппеќ, (Моутон, ’с-Гравенхаге 1958), шсо И.Лехистеќ Аццент ин Сербоцроатиан. Ан Еџпериментал Студѕ (Анн Арбор 1963), Српски народ и његов језик (Београд 1971), О језику некадашњем и садашњем (Белград – Приштина 1990); Целокупна дела П. ИвиÊа (11 тома). ЛИТ.: ЗбФЛ ЏЏВИИ–ЏЏВИИИ, Нови Сад 19841985; Живот и дело академика Павла Ивиќа, Суботица – Нови Сад – Београд, 2004. З. Т.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *