ИВАНОСКИ, Орде

ИВАНОСКИ, Орде (Прилеп, 6. Ⅷ 1928) – историограф, учесник во НОБ (1944). Основно и прогимназијално образование завршил во Прилеп, средно во Загреб, а Филозофски факултет (Група за историја) во Скопје (1955). Истата година се вработил во Институтот за национална историја како асистент во Одделението за средниот век, за наскоро да премине во Одделението за работничкото и комунистичкото движење. Докторирал во Скопје (1965). Бил избран во звањето научен советник (1974). Бил директор на Институтот (1975–1978); член и одговорен уредник на Гласникот на Институтот, член на Редакцијата на „Историја” и на институтски и општествени макропроекти. Има над десетина посебни изданија и над осумдесет статии. Учествувал на повеќе научни собири и конференции. БИБ.: 50 години Институт за национална историја, Скопје, 1998; Македонските Словени од Ⅵ до IX век, Скопје, 1962; Македонските социјалисти и Илинденското востание, Скопје, 1968; Работничкото комунистичко движење во Македонија, Скопје, 1970; Балканските социјалисти и македонското прашање, Скопје, 1970; Црвените комуни во Македонија во 1920 година, Скопје, 1980; Работничкото синдикално движење во Македонија до 1918 година, Скопје, 1981; Никола Карев, Битола, 1991; Димо Хаџи Димов – Живот и дело, Скопје, 1995 и др. Ал. Тр. ИВАНОСКИ, Петар Миланов

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *