ИВАНОВ, Јордан Николов

ИВАНОВ, Јордан Николов (ќустендил, 6. Ⅰ 1872 – Софија, 29. Ⅶ 1947) – бугарски филолог, литературен историчар, археолог, фолклорист и етнограф, член на БАН (од 1909). Дипломирал словенска филологија на Високата школа во Софија (1892) и специјализирал во Лозана, швајцарија (1892-1894). Бил професор во гимназијата во Сливен (1894-1898) и секретар на Бугарското трговско агентство во Солун (1906-1908). Подоцна кариерата ја продолжил на Софискиот универзитет како лектор по француски јазик (1899-1906), хонорарен доцент (1909-1911), редовен доцент (1911-1916), вонреден професор (1917-1924), редовен професор и раководител на Катедрата по бугарска литература на Историско-филолошкиот факултет (1925-1942). Истовремено бил и професор по бугарски јазик во Националната школа за живи источни јазици во Париз (1920-1923) и 1927-1930). Тој е еден од основоположниците на Бугарското археолошко друштво (1901) и на Археолошкиот институт во Софија (1920). Поголемиот дел од неговите научни истражувања се посветени на минатото на Македонија. БИБ.: Истори® на слав®нските литератури, Софи®, 1896; Пангерманизмът, панславизмът и Óгослав®нски®т съÓз, Софи®, 1902; Архиепископи®та и градът Първа Астиниана, „Църковен вестник”, Но 10-12, Софи®, 1903, 110-139; Северна Македони®. Исторически издирвани®, Софи®, 1906; Цар Самуиловата столица в Преспа, „Извести® на Българското историческо дружество”, 1, Софи®, 1910, 55-80; Епархиите в Охридската архиепископи® в началото на XI век, „Сп. на БАН”, 1, Софи®, 1911, 93-112; Българите в Македони®. Издирвани® и документи за т®хното потекло, език и народност. 2 изд., Софи®, 1917; Населението в Œгоисточна Македони® (Серско, Драмско и Кавалско), Софи®, 1917; Ла љуестион Мацедониенне ау поинт де вуе хисториљуе, етхнограпхигуе ет статистиљуе, Парис, 1920; Българо-албанската етническа граница, „Македонски преглед”, Но 4, Софи®, 1925, 36-48; Македонските слав®ни са българи. Свидетелства и документи, Софи®, 1939; Български народни песни, Софи®, 1959; Български старини из Македони® (от IX в. до освобождението 1878 г.). 3 изд., Софи®, 1970; Богомилски книги и легенди, Софи®, 1970 (фототипно издание од 1925). ЛИТ.: ДимитÝр Ангелов, Научното дело на проф. Јордан Иванов като учен и археолог, „Векове”, Но 4, Софи®, 1972, 43-49; Кръстина Гечева, Јордан Иванов. Библиографи®, Софи®, 1974; П. Динеков, Проф. Јордан Иванов – историк на българската литература, „Извести® на Института за българска литература” при БАН, 6, Софи®, 1958, 5-19. С. Мл. Марко Иванов