ИВАНОВ, Томислав

ИВАНОВ, Томислав (Прилеп, 1929 – 1993) – геолог. Дипломирал на Рударско-геолошкиот факултет во Белград (1954). Својата кариера ја започнал во Геолошкиот завод на СРМ. Во 1965 г. ја одбранил докторската дисертација на Рударско-геолошкиот факултет во Белград, на тема: „Металогенијата на јужниот дел на Вардарската зона” и бил избран за доцент на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје. Во периодот 1969–1973 г. работел како експерт и консултант на проектите на Обединетите нации за истражување на минерални суровини во Египет. Во 1977 г. бил член на Матичната комисија за основање на РГФ во Штип и е првиот избран редовен професор. Во два мандата бил избиран за декан на Рударско-геолошкиот факултет во периодот 1983–1986 г. Автор на повеќе научни трудови. Го открил наоѓалиштето ’Ржаново. Т. Сер.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *