ИВАНОВ, Петар

ИВАНОВ, Петар (Отец Паисиј) (с. Митрашинци, Малешевско, 1866 – Рилски манастир, Бугарија, 1938) – монах, пунктов началник на МРО во Рилскиот манстир. Една година учел во духовна семинарија. Во Рилскиот манастир (1882) станал монах под името Паисиј (1885). Бил член на МРО (1895), близок со Г. Делчев и со Ѓ. Петров, еден од организаторите на Рилскиот конгрес (1905), игумен на Рилскиот манастир (1907–1908). ЛИТ.: „Ил. ИлинденÝ“, бр. 9-10, София, 1932-33. В. Ѓ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *