ИВАНОВ, Михаил

ИВАНОВ, Михаил (Прилеп, 19. Ⅷ 1864 – Софија, 19. Ⅷ 1924) – лекар-бактериолог. Дипломирал на Медицинскиот факултет во Цирих (1891), по што работел како воен лекар во Софија (1891-1892). Во Германија специјализирал бактериологија кај Роберт Кох (1893) и кај И. И. Мечников и Е. Ру при Пастеровиот институт во Париз (1896). Бил основач и раководител на Бактериолошкиот институт во Софија (1893&1920) и редактор на сп. „Медицински напредък” (1900&1902) и „Български лекар” (1905&1915 и 1921&1924). Бил член на Врховниот медицински совет (1909&1912) и негов претседател (1924). Заслужен е за заштитата на населението од колера, пегав тифус и инфекциски заболувања. Формирал подвижна лабораторија за испитување на болните од инфективни болести. Во Балканските војни (1912&1913) бил епидемиолог и бактериолог во Првата самостојна армија. Прв во Бугарија произведувал противдифтериски серум, а во Првата светска војна (1914&1918) организирал и производство на противколерна вакцина за целата бугарска армија. Автор е на повеќе трудови од областа на бактериологијата и епидемиологијата. Открил вибрион што го носи неговото име (Вибрио Иванови). Поради неговите антимонархистички определби, бил преследуван од властите. ЛИТ.: Д-р Михаил Мирчев Иванов, „Български лекар”, № 3, София, 1924; Д-р Михаил Иванов, „Летописи на Лекарския съÓз”, № 7–8, София, 1924. С. Мл.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *