ИВАНОВ, Марко

ИВАНОВ, Марко (с. Галеор, Кајларско, 20. Ⅵ 1877 – Софија, 16. Ⅻ 1933) – кајларски војвода на ТМОРО. Првин бил курир и доставувач на оружје на ТМОРО. Во Илинденското востание учествувал во ослободувањето на Клисура (4. Ⅷ 1903) и Невеска (12. Ⅷ 1903). Не успеал да го спречи настапувањето на околу 6.000 османлиски војници од Костур кон с. Маврово, Костурско (13. Ⅷ 1903). По востанието продолжил да дејствува со својата чета. Умрел по тешка болест како емигрант. ЛИТ.: Македонски возрожденци и револуционери. Албум, Скопје, јуни 1950, 73. Историја на македонскиот народ, том трети, Скопје, 2003, 308&312. С. Мл.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *