ИВАНОВ, Зоран

ИВАНОВ, Зоран (Скопје, 14. Ⅹ 1949) – новинар. Завршил Факултет за новинарство, соработник во Радио Скопје (1974), новинар, уредник, коментатор во Македонското радио, во Македонската телевизија и во „Утрински весник”. Соработувал во повеќе електронски и печатени медиуми. Прв директор на Македонската информативна агенција (МИА). Автор на двотомната книга „Амбиент”, хронолошка збирка на новинарски записи, коментари и анализи. Новинар на годината 1994. Еден од најдобрите македонски падобранци, повеќекратен првак и рекордер. Носител на највисокото меѓународно признание во спортското воздухопловство – Златна значка со три дијаманти на Светската федерација (ФАИ). Б. П. Ѓ.