ИВАНОВ, Драган

ИВАНОВ, Драган (с. Рајчиловци, Босилеград, Србија, 27. Ⅴ 1939) – град. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (од 1981 до пензионирањето во 2004 г.) по предмети од областа на бетонските и армирано-бетонските конструкции. Магистрирал во областа на земјотресното инженерство (1971). Како истражувач, учествувал во истражувањето, проектирањето, изградбата, испитувањето и зајакнувањето на многубројни бетонски конструкции, особено мостови, во земјава и во странство. Љ. Т. Ѓорге Иванов