ИВАНОВ, Георги

ИВАНОВ, Георги (Марко Лерински; Геројски) (Котел, Бугарија, 1862 – с. П’теле, Леринско 15. Ⅶ 1902) – деец и војвода на ТМОРО, Бугарин. Бил подофицер и офицер во бугарската армија (1883-1895), а потоа се вклучил во чета на ВМОК во Македонија, но се разочарал и се вратил во армијата. Подоцна, по барање на Гоце Делчев и Ѓорче Петров, формирал чета на ТМОРО во Леринско. Бил еден од првите инструктори на револуционерните чети и заедно со Г. Делчев ги обиколил Серско, Драмско и Кукушко. Загинал во борба со османлиската војска. ЛИТ.: Војвода Георги Иванов – Марко Лерински, „Македониџ”, Но 4, Софиџ, 1903, 13-16; Георги Иванов – војвода Марко Лерински, 14 Ѓли 1902 г., Сб. „Тур. зверства”, Но 5, Софиџ, 1902/1903, 13-15; Бугари-соборци на Гоце. Внуката на Гоце Делчев, баба Лика Чопова-Јурукова кажува за директното учество на голем број Бугари во македонското револуционерно движење, „Гоцеви денови – Песна за Гоце 1981”, Ⅶ, 7, Скопје, 7. Ⅱ 1981, 17; В. ЛЃцеканова, Исполинљт от Леринско, Марко Лерински, „Бљлгарски војводи”, Софиџ, 1985, 249-264; Спомени и биографии на илинденци, АМ – Подрачно одделение-Битола, Битола, 1993. С. Мл. ИВАНОВ ИВАНОВ, Георги Радев ‡в. Скрижовски, Георги.