ИВАНОВ, Благоја

ИВАНОВ, Благоја (Скопје, 4. Ⅱ 1931) – раскажувач, романсиер, есеист, критичар, драмски автор. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Бил соработник, уредник и главен уредник на Културниот сектор на Радио Скопје, директор на Телевизија Скопје и професор на Факултетот за драм-ски уметности. Бил уредник на списанието „Млада литература” и главен и одговорен уредник на списанието „Разгледи”. Член на Македонскиот ПЕН-центар. Бил претседател на Друштвото на писателите на Македонија. Член на ДПМ (1958). БИБ.: Седум умирања (проза, 1956), Ноќ без починка (раскази, 1958), Црвено рондо (раскази, 1964), Патувања (лирски минијатури, 1969), Ветрови (роман, 1969), Соочувања (критики и есеи, 1971), Три средби на разминување (радио и тв драми, 1973), Од онаа страна на заборавот (раскази, 1975), Една година и цел живот (роман, 1978), Современа драма и театар во Македонија (зборник, 1983), Бланка (проза, 1985), Малата врата на надежта (раскази, 1985), Маалски игри (роман за млади, 1989), Чекање на зората (роман, 1998), Сватови (раскази, 2000), Стебло (роман, 2003). Објавен е избор од неговото творештво во шест тома (2001). Р.