ИВАНОВСКИ, Јордан

ИВАНОВСКИ, Јордан (Куманово, 30. Ⅷ 1928 – Скопје, 6. Ⅴ 1975) – новинар. Со спортско новинарство почнал во почетокот на педесеттите години на ХХ в. Соработник на „Спорт”, главен уредник на „Спортски глас” (1952). Во „Нова Македонија” од 1953 г. соработник на Скопската и Внатрешно-политичката рубрика, подоцна коментатор. Еден од основачите на весникот „Вечер”, негов главен уредник (1967/1970). Во овој период вториот македон-Јордан Ивановски ски дневен весник доживува полн расцут и висок тираж. Постојан дописник на „Нова Македонија” од Софија (1972/1974). Еден од иницијаторите и директор на шаховската олимпијада во Скопје (1972), чија организација доби највисоки оценки од ФИДЕ и меѓународната шаховска јавност. Се занимавал со шах и со шаховска публицистика. Б. П. Ѓ. Методија Ивановски: „Црвена Марија од јужниот ѕид“ (1984)