ИВАНОВСКИ, Томислав

ИВАНОВСКИ, Томислав (Скопје, 9. Ⅹ 1947) – новинар. Правник, кој од 1971 г. ги минува сите новинарски скалила во НИП „Нова Македонија”: дописник од Софија (1985/89), помошник-главен уредник и шеф на Дневната редакција, коментатор за балканските состојби. Основач, директор и главен уредник на популарното Радио НОМА, главен уредник на политичкиот неделник „Пулс” (до 1998). Во следните четири години главен и одговорен уредник на приватниот магазин „Старт”, основач и главен уредник на „Глобал” – прво гласило на македонски и на албански јазик. Од крајот на 2002 г. живее во Лондон и е дописник на МИА и на „Утрински весник”. Б. П. Ѓ. Стоилко Ивановски-Планински

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *