ИВАНОВСКИ-ПЛАНИНСКИ, Стоилко Николов

ИВАНОВСКИ-ПЛАНИНСКИ, Стоилко Николов (Ораов Дол, Велешко, 24. Ⅰ 1920 – Скопје, 10. Ⅴ 2003) – професор, припадник на младинското и на комунистичкото движење, учесник во НОБ, носител на Партизанска споменица 1941. Бил член на КПМ (од 1941), организатор на партизанското движење во Азот (Велешко) и борец на ВПО „Димитар Влахов”, политички комесар на баталјонот „Мирче Ацев”, заменик-пол. комесар на баталјон во Првата македонско-косовска бригада и на ПО „Трајче Петкановски”. Член на Првото заседание на АСНОМ и одговорен за формирање на органите на власта во Скопската об-ласт. Секретар на околискиот НОО за Велешката околија по Ослободувањето. Автор на повеќе книги со тематика од НОАВМ. ЛИТ.: Велешки партизански одред 1942, Скопје, 1999. Ѓ. Малк. Орде Иваноски

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *