ИВАНОВСКИ, Иван

ИВАНОВСКИ, Иван (Дебар, 10. Ⅶ 1930) – поет, патописец, автор за деца, театралог. Неговата поезија е лирски дневник на катадневјето, минливоста и љубовта. Еден од основоположниците на македонската современа театарска критика. Работниот век го минал во Македонското радио. БИБ.: стихозбирки: Ветки од љубов, Ск., 1961; Варијации, Ск., 1963; Водоскоци на сонот, Ск., 1967; стихозбирки за деца: Врти се врти вретенце, Ск., 1957; Мамините раце се златни, Ск., 1966; Ах ти ми-ло детенце, Ск., 1972 и книгата раскази штурчевото дуќанче за музикалии, Ск., 1960; од театарската уметност: Обласниот македонски народен театар во Горна Џумаја, Ск., 1977; Волшебник на сцената -Петре Прличко, Ск., 1973; Тодор Николовски, Ск., 1991; Димче и Ацо Стефановски, Битола, 1992; Половина век театар во Македонија, Ск., 2004. В. Тоц.