ИВАНОВСКИ, Димитар Василев

ИВАНОВСКИ, Димитар Василев (Прилеп, 24. Ⅴ 1928 – Скопје, 1. Ⅴ 1998) – спец. по социјална медицина и организација на здравствената дејност, редовен проф. на Мед. ф. (1988). Дипломирал медицина во Скопје (1954) и се усовршувал во школата за народно здравје „Андрија штампар” во Загреб (1965-1966). Магистрирал по јавното здравство (1971), а хабилитирал по хигиена и социјална медицина (1974). шеф на Катедрата по хигиена со социјална медицина (1987-1988). ЛИТ.: Алманах на првата генерација студенти на Медицинскиот факултет во Скопје, Скопје, 1989. К. К.-П. Ѓорѓи Ивановски

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *