ИВАНОВСКИ, Гого

ИВАНОВСКИ, Гого (Скопје, 18. Ⅰ 1925 – Скопје, 15. Ⅻ 2004) – поет, раскажувач, преведувач. Завршил високо стручно образование. Работел како уредник во МРТ. Член на ДПМ од 1946. Иако недоволно вреднуван поет, има солиден придонес во развојот на современата македонската поезија. БИБ.: За новата пролет, поезија, Ск., 1946; Стихови, Ск., 1948; Лазарополе, пое-Гого Ивановски ма, Ск., 1951; Песни, Ск., 1953; Луѓе на па-тот, проза, Ск., 1953; Ден на деновите, проза, Ск., 1953; Сенки на далечното, поезија, Ск., 1954; Глас, поезија, Ск., 1957; Несоници, поезија, Ск., 1960; Улица што би-ла живот, лирска проза, Ск., 1963; Одбрани песни, Ск., 1967; Избор, Ск., 1973; Струга, поезија, Ск., 1982; Подземни води, поезија, Ск., 1985; Песни од третото доба, Ск., 2000. ЛИТ.: Г. Сталев, Последните 100 години на макед. книжевност (1994). П. Гил.