ИВАНОВСКИ, Александар

ИВАНОВСКИ, Александар (Скопје, 21. Ⅱ 1937 – Скопје, 2. Ⅹ 2000) – новинар. Со новинарството почнал во Радио Скопје 1961 г. како студент на Правниот факултет. Продолжил во „Нова Македонија”, а од есента 1963 г. во првиот состав на новоформираниот весник „Вечер”, каде што останал 37 години – сè до пензионирањето. Бил соработник и уредник на Скопската и Внатрешно-политичката рубрика и на Дневната редакција, помошник, заменик, главен и одговорен уредник (1990/1992). Смртта го затекнала како советник во тукушто формираниот весник „Вест”. Б. П. Ѓ. Ангеле Ивановски