ИВАНОВИЌ, Радомир

ИВАНОВИЌ, Радомир (с. Смошча, Црна Гора, 28.Ⅷ 1936) – српски македонист, популарен во Македонија со широчината на своето македонозналство. Дипломирал југословенска литература и јужнословенски јазици на Филозофскиот факултет во Нови Сад. Член е на МАНУ од надворешниот состав. Почесен член на ДПМ. Повеќе од три децении е страстен и неуморен изворен проучувач на македонската литература од ⅩⅠⅩ и ХХ в. Впечатлива е бројката на неговите дела издадени на македонски јазик. БИБ.: Современиот роман, 1977; Портрети на македонски писатели, 1979; Поетиката на Кочо Рацин, 1979; Огледи за македонската литература, 1982; Поетиката на Блаже Конески, 1982; Македонски писатели и дела, 1984; Книжевни паралели, 1986; Поетиката на Ацо шопов, 1986; Дијалог со делото, 1989; Григор Прличев во светлината на романтизмот, 1990; За смислата на создавањето и постоењето, 2003. Г. Т.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *