ИВАНОВА, Олга

ИВАНОВА, Олга (Скопје, 2. Ⅲ 1939) – лингвист, македонист, специјалист од областа на дијалектологијата и пред сè ономастиката, научен советник во Институт за македонски јазик „К. П. Мисирков” (во пензија). Докторирала во 1980 како прв доктор по ономастика во Македонија. Била директор на Институтот. БИБ.: Месните имиња на областа по сливот на Брегалница (Скопје, 1982), Исчезнатите месни имиња во областа по сливот на Брегалница (Споменици за средновековната и поновата историја на Македонија, том 5, Прилеп, 1988), Речник на топонимите во областа по сливот на Брегалница (Скопје, 1996), Обратен речник на топонимите во областа по сливот на Брегалница (Скопје, 2001), Студии од топонимијата и антропонимијата (Скопје, 1999), Македонски антропономастикон (15-16 век) (Скопје, 2006).ЛИТ.: З. Тополињска, Л. Макаријоска, Олга Иванова (40 години научна дејност), МЈ ЛИВ–ЛВ, Скопје 2004, 31–38. З. Т.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *