ИВАНИЌ, Иван

ИВАНИЌ, Иван (Бачко Градиште, 1867 – ?) – правник, српски дипломат и публицист. Дипломирал на Правниот факултет во Будимпешта. Бил српски вицеконзул во Битола (1899) и извесен период секретар на српскиот конзулат во Солун. Во времето на Втората балканска војна (1913) бил службеник во военото Прес-биро на српската Врховна команда во Скопје. Работел како уредник на повеќе весници. Во своите теренски записи презентира значајни (но не секогаш веродостојни) материјали и фактографски податоци за минатото на Македонија. БИБ.: Из црквене историје Срба у Турској у ⅩⅤⅠⅠⅠ и ⅩⅠⅩ веку, Београд, 1902; Майедонија и Майедонци, И-Ⅱ, Београд, 1908. С. Мл. Благоја Иванов