ИБРАГИМОВ, Могамед

ИБРАГИМОВ, Могамед (Махачкала, Дагестан, Руска Федерација, 22. Ⅵ 1974) – боксер. Настапувајќи за Азербејџан станал двократен европски првак. Тој е државјанин на Македонија (од 1997). Настапувал за БК „Бучим – Јака” од Радовиш. Настапил за репрезентацијата на Македонија на Светското првенство во Техеран (Иран, 1998) и освоил сребрен, на Европското првенство во Минск (Белорусија) златен и на Олимписките игри во Сиднеј (Австралија, 2000) бронзен медал. Избран за најдобар спортист на Македонија (1998 и 2000). Д. С. „ИБРАИМ-ОЏА” – македонско машко народно оро во ритам 13/16 (3, 2, 3, 3, 2). Држењето на рацете е за рамо. Темпото е умерено брзо, со изразити балансирања на телото и со мирни и одмерени чекори. Инструменталната мелодија што го придружува орото всушност е мелодијата од песната во која е опеан османлискиот арамија Ибраим Оџа. ЛИТ.: Михајло Димоски, Македонски народни ора, Скопје, 1977, 206. Ѓ. М. Ѓ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *