ЗУРЛАЏИСКО-ТАПАНАРСКИ СОСТАВИ

ЗУРЛАЏИСКО-ТАПАНАРСКИ СОСТАВИ (тајфи) – музички состави од зурлаџии и тапанари. Зурлаџиското музицирање во Македонија без исклучок е бордунско, а тоа значи дека без исклучок истовремено се музицира од две зурли, по една за секој од двата гласа, а ги придружува еден, понекогаш и два „Тешкото” со звукот на зурлите и тапаните големи тапана. Поради силниот звук, зурлите не ги придружуваат песните, туку практикуваат самостојното музицирање, без пеење, а најчесто се придружници на машките македонски ора. За успешната изведба на машките ора, зурлаџиските тајфи имаат пресудно значење. Најдобар пример за тоа е кај изведбите на бисерот на македонската орска традиција – галичкото оро Тешкото (в). Свирачите во зурлаџиските тајфи речиси секогаш се професионалци. Во минатото без исклучок биле претставници на ромската националност. ЛИТ.: Д-р Александар Линин, Народните музички инструменти во Македонија, Скопје, 1986, 121. Ѓ. М. Ѓ. Рис

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *