ЗРНОВСКА РЕКА – лева притока на р. Брегалница. Извира под врвот Лисец (1.754 м), од јужните падини на планината Плачковица, на височина од 1.420 м, а се влива кај селото Зрновци, на височина од 325 м. Долга е 21 км, има вкупен пад од 1.095 м, а просечниот пад изнесува 52,1 ‰. Водите од оваа река се користат за наводнување на земјоделските површини и за производство на електрична енергија. Др. В.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.