ЗОРИЌ, Михајло

ЗОРИЌ, Михајло (с. Јосифово, Валандовско, 12. Ⅴ 1944 – Скопје, 6. Ⅷ 1996) – доктор на науките од областа на ветерината. Дипломирал на Ветеринарниот факултет во Сараево (1970), а докторирал на Универзитетот во Загреб од областа на економиката во сточарството (1983). Работел како ветеринарен техничар во ЗИК „Изворски“ во Богданци и ЗИК „Анска Река“ во Валандово (1962 –1965 и 1982–1983), директор на Ветеринарната станица во Валандово (1970–1978), претседател на Извршниот совет на Собранието на Валандово (1978–1982), генерален директор на ЗИК „Анска Река“ во Валандово (1983–1991), координатор за извоз-увоз во АД „Ветерина“ во Скопје и директор на Ветеринарната управа на Македонија (28. Ⅶ 1995) до крајот на животот. ЛИТ.: Ин мемориам, „Вечер“, ЏЏЏИВ, 10250, Скопје, 8. Ⅷ 1996, 4. С. Мл.