ЗОНАЦИЈА НА ВЕГЕТАЦИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА

ЗОНАЦИЈА НА ВЕГЕТАЦИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА. Вегетациската покривка на Македонија се покажува во вид на појаси, аналогно на климатските и почвените појаси. Тие детално се опишани во монографијата од Ѓ. Филиповски, Р. Ризовски и П. Ристевски „Карактеристики на климатско-вегетациските зони (региони) во Република Македонија” (МАНУ, посебно издание, 1996). Врз основа на физиономијата, вегетациската покривка може да се расчлени на дабов, буков, субалпски и алпски регион. Првите три се претставени со зонални шуми, а четвртиот регион со тревни фитоценози. Дабовиот регион е од низините до 1.100 м надморска височина. Во Македонија тој зазема околу 73% од вкупната територија. Во поглед на климата, значајна карактеристика дава повеќе или помалку изразениот летен сушен период. Овој регион се дели на: 1. Зона на дабот прнар (Љуерцус цоццифера) – субмедитеранско подрачје. Средногодишната темпераоо тура изнесува од 14 –15 С и про-сечно годишно количество врнежи околу 700 мм, со минимум во летниот период. 2. Зона на дабот благун (Љуерцус пубесценс) – преодно субмедитеранско-топлоконтинентално подрачје што ги зафаќа котлините во Централна Македонија и по долините на реките навлегува до 600 м надморска височина. Ова подрачје зазема околу 34% од вкупната територија на РМ и е најголемо. Средногодишната температура се оо движи меѓу 12 и 14 С, а врнежите изнесуваат 470-600 мм, со минимум во летниот период. 3. Зона на дабот плоскач (Љуерцус фраинетто) – топлоконтинентално подрачје. Распространето е по високите котлини на Источна и Западна Македонија, меѓу 600 и 900 м надморска височина, на која гради појас и во Вардарската Долина. Ова подрачје зазема околу 28% од вкупната територија на РМ. Средногодишната температуоо ра се движи меѓу 9 и 12 С, а врнежите изнесуваат меѓу 600 и 800 мм, со минимум преку летото. 4. Ладноконтинентална зона (Љуерцус петраеа) – висински појас меѓу 900 и 1.100 м надморска височина. Испрекинат појас со јазици од суппланинска букова шума. Не е застапен на пограничните планини кон Бугарија. Средногодишната температура се движи меѓу оо 8 –9 С, а средногодишната количина на врнежи се движи меѓу 700–800 мм, со минимум преку летото. Зазема 9% од вкупната територија на РМ. Буковиот регион – опфаќа букови, буково-елови шуми, а се среќаваат и белоборови, црноборови и моликови шуми на секундарни станишта. Зафаќа околу 22 % од вкупната територија на РМ. За климата е карактеристично што нема сушен период и маглите почнуваат од рана есен до доцна пролет. Ова подрачје се дели на суппланинска зона 1.100–1.300 м надморска височина, испрекината со горунови шуми. Средногодишната температура изоо несува 8 –9 С, а количината на врнежи е околу 800 мм. Повисоко се надоврзува планинска букова шу-ма или буково-елова шума меѓу 1.300 и 1.700 м надморска височина. Средногодишната температура о е околу 7 С, а врнежите изнесуваат околу 1.100 мм. Ова подрачје е оптимално за развој на постојната вегетација. Субалпска зона – се протега од 1.700–2.200 м надморска височина. Се среќаваат шуми од молика, смрча, бел бор, бука и зафаќа 4% од територијата на РМ. Средногодишната температура се движи оо меѓу 4 –5 С, а врнежите меѓу 1.100–1.300 мм. Со уништување на шумите се создадени пасишта на големи пространства. На многу стрмните места настануваат порои што ги поплавуваат земјоделските површини, населбите и нанесуваат штети, па поради тоа се настојува да се изврши пошумување на ерозивните терени. Алпски регион (зона) – се наоѓа над 2.200 м надморска височина и зафаќа 1% од територијата на РМ. Нема услови за развој на дрвенеста вегетација, затоа се среќаваат тревести фитоценози. Р. Р.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *