ЗОГРАФСКИ, Тодор

ЗОГРАФСКИ, Тодор (Велес, 1895 – Охрид, 6. Ⅱ 1985) – часовничар и национален деец. Во родниот град завршил прогимназија, а потоа саатчиски занает во ќустендил и во Горна Џумаја. Во Велес бил секретар на Мешовитиот синдикат (1909), член на Работничкото социјалистичко друштво „Класово единство” (1909) и член на Социјал-демократската организација (1910). Како синдикален функционер, извесно време престојувал во швајцарија и во Франција (1912-1918). Како член на КПЈ (1920) и на МК на КПЈ во Велес (1922/3), учествувал во издавањето на в. „Искра” (1922), бил делегат на Третата земска конференција на КПЈ (Белград, 1925) и член на Иницијативниот одбор за основање на ВМРО(Об) во Вардарскиот дел на Македонија (1925). Извесно време бил и секретар на Обласниот комитет на КПЈ за Македонија и секретар на Обласниот комитет на ВМРО(Об) (1929), поради што бил уапсен и осуден (1929-1932). Во времето на НОАВМ бугарските власти го интернирале во Горна Џумаја (1944). По Ослободувањето бил претседател на Градскиот одбор на Народниот фронт, помошник-министер за комунални работи во Владата на СРМ и др. БИБ.: КПЈ и ВМРО (Обединета) во Вардарска Македонија во периодот 19201930, ИНИ, Скопје, 1974 (со коавтор). ЛИТ.: Тодор Зографски, Ин мемориам, „Нова Македонија”, ЏЛИ, 13666, Скопје, 7. Ⅱ 1985, 3. С. Мл. Томислав Зографски