ЗОГРАФСКИ, Златко

ЗОГРАФСКИ, Златко (Скопје, 1954) – ред. проф. по информатика на ЕТФ во Скопје и на Соутх Царолина Стате Университѕ во САД. Докторирал на ЕТФ во Љубљана (1990). Престојувал и предавал на повеќе универзитети во САД и во Велика Британија. Научни области: роботика и вештачка интелигенција; компјутерски системи; компјутерска графика и дигитални медиуми. Тој е награден на ЕТАН во 1991 г. за најдобар труд од вештачка интелигенција. Објавил повеќе од 40 труда на конференции, во списанија и во книги. Др. М. Тодор Зографски