ЗОГРАФСКИ, Димче

ЗОГРАФСКИ, Димче (Велес, 27. Ⅹ 1898 – Скопје, 3. Ⅵ 1985) – активист на ВМРО(Об) и општественик. Бил член на Комунистичката младина на Бугарија (1919), а потоа станал член на КПЈ (1920), секретар на МК на КПЈ во Штип (1923) и член на Обласниот комитет на ПК на КПЈ за Македонија (1926-1927), поради што бил уапсен и осуден (1927-1932). Подоцна бил член на Обласниот комитет на ВМРО(Об). Во времето на НОАВМ бил член на АНОК. Бугарските власти го интернирале во Горна Џумаја (1944), а по враќањето бил член на Извршниот одбор на илегалниот Градски НОО на Скопје и член на АСНОМ. По Ослободувањето бил претседател на Градскиот народен одбор на Скопје (1945-1947), министер за шумарство, за народно здравје и социјална политика и републички пратеник. БИБ.: КПЈ и ВМРО (Обединета) во Вардарска Македонија во периодот 19201930, ИНИ, Скопје, 1974 (со коавтор); Градскиот народноослободителен одбор на Скопје, „13 Ноември”, бр. 3, Скопје, 1964. ЛИТ.: Почина Димче Зографски, „Нова Македонија”, ЏЛИ, 13781, Скопје, 4. Ⅵ 1985, 3. С. Мл.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *