ЗОГРАФСКИ, Данчо

ЗОГРАФСКИ, Данчо (Велес, 23. Ⅳ 1920 – Скопје, 9. Ⅰ 1997) – научен работник, истражувач на поширокото подрачје на поновата историја на македонскиот народ и посебно на полето на стопанската историја на Македонија, редовен професор на Економскиот факултет во Скопје, општествен деец и педагог, академик. Основно образование и гимназија завршил во родниот град (1939), право студи-Знамето на Република Македонија рал во Белград, а дипломирал во Данчо Зографски Софија. Во Белград завршил и двегодишни студии на Институтот за општествени науки (1950– 1952). Својот работен век го започнал како главен уредник на в. „Нова Македонија”. По основањето на Економскиот факултет во Скопје бил избран за наставник по предметот Стопанска историја (1950). Докторирал на Економскиот факултет во Белград (1962). Бил декан на Економскиот факултет во Скопје, во два мандата ја вршел функцијата директор на Институтот за национална историја во Скопје, повеќе години бил републички и сојузен пратеник и вршел други одговорни општествени функции. За дописен член на МАНУ е избран во 1981 г., а за редовен во 1986. Бил член на Претседателството на Меѓународната комисија за славистички проучувања, член на Комисијата за историја на СКЈ, претседател на Комисијата за историја на СКМ, член на потесните редакции на Историјата на македонскиот народ, на историите на СКЈ и на СКМ, уредник на списанието „Гласник” на Институтот за национална историја, член на редакционите одбори на списанијата „Историја”, „Погледи”, „Ацта хисторицоецономица Југославиае” и др. Неговиот научен опус го сочинуваат преку 200 монографии, статии, збирки на документи и други прилози. Неговите одбрани дела беа публикувани во шест книги (1986). Покрај опстојните истражувања во соодветните фондови во архивите во земјата, исцрпни истражувања вршел и во архивите во Бел-град, Загреб, Сараево, Сремски Карловци, Виена, Бон, Потсдам, Кобленц, Фрајбург, Берн, Прага, Амстердам и Лондон. Учествувал на бројни домашни и меѓународни конгреси и научни собири. Тој е истражувач на зародувањето на капиталистичките елементи во Македонија и на македонското социјалистичко и работничко движење. Неговите истражувања од областа на стопанската историја на Македонија, а посебно оние што се однесуваат на периодот на османско-турското владеење, претставуваат базични трудови од оваа област. ИЗВ. иЛИТ.: Споменица по повод 40-годишнината од основањето на Економскиот факултет во Скопје (1950–1990), Економски факултет, Скопје, 1990; Споменица по повод 50-годишнината од основањето на Економскиот факултет во Скопје (1950–2000), Економски факултет, Скопје, 2000; Д-р Ристо Христов, Одбрани дела (И– Ⅵ) на акад. Данчо Зографски, „Историја”, ⅩⅠⅠⅠ, 1–2, Скопје, 1987; Д-р Данчо Зографски (1920–1997), МАНУ, Скопје, 1997; Библиографија на научно-стручни трудови (на наставниците и соработниците на Економскиот факултет во Скопје) 1950–2000, 1950–2001, 1950–2003, Економски факултет, Скопје, 2000; 2002, 2004; д-р Ристо Христов, Избор од библиографијата на објавени трудови на професорот д-р Данчо Зографски, „Гласник” на ИНИ, ЏЏИВ, 3, Скопје, 1980; Д-р Данчо Зографски (1920–1997), МАНУ, Скопје, 1997. БИБ.: Егејска Македонија во нашата национална историја (коавтор), Скопје, 1951; Македонскиот таен револуционерен комитет и „Отм’штение”, Скопје, 1954; Извештаи од 1903–1904 година на австриските претставници во Македонија, Скопје, 1955; За работничкото движење во Македонија до Балканската војна, Скопје, 1950; О радничком покрету у Македонији до Балканског рата, Београд, 1951; Југословенските социјалисти и македонското прашање, Скопје, 1962; Развитокот на капиталистичките елементи во Македонија за време на турското владеење, „Култура”, Скопје (И изд. 1967, Ⅱ изд. 1980); Австриски документи за историјата на македонскиот народ 1905–1906, И, Скопје, 1976; Австриски документи за историјата на македонскиот народ 1907–1908, т. Ⅱ, Скопје, 1981; Одбрани дела, И- Ⅵ, Скопје, 1986; За македонското прашање, Скопје, 1990. Р. Х. Д

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *