ЗМИИ

ЗМИИ (Опхидиа, Серпентес) – под-ред животни од редот лушпести влекачи (Сљуамата), £ии претставници ги населуваат речиси сите типови живеалишта. Не се присутни само во поларните области, а автохтони видови змии нема во Нов Зеланд, на хавајските острови и во Ирска. Досега се познати околу 2.900 вида, од кои 34 вида ја населуваат Европа. Се одликуваат со издолжени цилиндри£ни тела (покриени со рожни лушпи) што завршуваат со тенки опашки; долги се од 7 цм до 10 м, а според некои сознанија до 11,4 м. Змиите се месојади, но некои видови јадат само јајца. Долго време издржуваат без храна, особено во текот на зимскиот сон. Имаат способност да ја отфрлаат рожнатата обвивка (змиска кошулка) неколкупати во годината и на таков на£ин се преслекуваат. Бојата и шарите на кожата нај£есто соодвествуваат на средината што ја населуваат. Сите змии се групирани во 12 фамилии, а од нив четири ги населуваат Европа и Македонија. Кај нас се регистрирани 16 вида. ЛИТ.: Е. Н. Арнолд, А Фиелд Гуиде то тхе Рептилес анд Ампхибианс оф Бритаин анд Еуропе, Лондон, 2002; Г. Джукиц –М. Калезиц, Тхе биодиверситѕ оф ампхибианс анд рептилес ин тхе Балкан Пенинсула, во: Гриффитхс, Крѕстуфек – Реед ед. „Балкан Биодиверситѕ”, Дордрецхт/Бостон/Лондон, 2004, 167–192; Ј-П. Гасц, А. Цабела, Ј. Црнобрнја-Исаиловиц, Д. Долмен, К. Гроссенбацхер, П. Хаффнер, Ј. Лесцуре, Х. Мартенс, Ј. Мартинез Рица, Х. Маурин, М. Оливеира, Т. Софианидоу, М. Веитх, А. Зуидерњијк, Атлас оф Ампхибианс анд Рептилес ин Еуропе, Парис, 1997. Св. П. – В. Сид. Драгаи Змијанац

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *