ЗЛЕТОВСКО-СТРУМИЧКА ЕПАРХИЈА на МПЦ

ЗЛЕТОВСКО-СТРУМИЧКА ЕПАРХИЈА на МПЦ (1958–1989) – како епархија на СПЦ (формирана во 1920 г.) ја опфаќала територијата лево од р. Вардар и местата од старите епархии: Злетовско-мородвиска, Брегалничкомалешка, Струмичка, Вардариотска и дел од Полјанската епархија, со епископ со седиште во Штип. Како епархија на МПЦ прв ја раководел надлежниот архиереј епископот Наум (1958–1977). Потоа администрирале митрополитот Ангелариј (1977–1979), епископот Горазд (1979–1986), митрополитот Стефан (1986–1989). Во 1989 г. епархијата била преименувана во Брегалничка. ЛИТ.: Ратомир Грозданоски, Стефан Архиепископ Охридски и Македонски, Скопје, 2000; Доне Илиевски, Македонското православно свештенство во борба за национална и црковна слобода, Скопје, 1987; истиот, Автокефалноста на Македонската православна црква, Скопје, 1972; Сава, еп. шумадијски, Злетовско-струмичка епархија, во: Српска православна црква 1920-1970, Београд, 1971; Р. Грујић, Злетовско-струмичка епархија, во: Азбучник Српске православне цркве, Београд, 1993. Рат. Гр. Киро З’мбов

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *