ЗЛАТКУ, Мухамет Реџеп

ЗЛАТКУ, Мухамет Реџеп (Мухамет Реџхеп Зллатку) (Дебар, 1939) – писател и публицист. Основно образование завршил во родното место, а средно училиште во Приштина. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје. Работел како новинар-дописник на „Рилиндја“ од Скопје и како уредник на сп. „Јехона“. Бил главен и одговорен уредник во „Флака“. Пишува скици, репортажи, патописи, раскази, романи, есеи, драми и др. Преведува од албански на македонски и обратно. БИБ.: Дебар, 1968; Ме арбшресхшт, Схкуп, 1976 (Со Арбрешите, 1976); Законите не живеат колку и планините, Ск., патописи и белетристика,1981; Еррор, 1990; Рани, 1995; Планот на кадијата; Одлучува Балкан, 1999; Заглавени векови, 2002. А. П. Плакатот на „Златно славејче“ во Скопје (2005) „