ЗЛАТКОВСКИ, Душко

ЗЛАТКОВСКИ, Душко (Куманово, 21. Ⅻ 1931) – град. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (од 1981 до пензионирањето во 1996 г.) по групата предмети Железници. Бил директор на градежниот погон на „Македонски железници”, а на Факултетот работел од 1972 г., успешно продолжувајќи го активното учество во развојот и изградбата на железничката и патната мрежа во РМ. Напишал учебник по предметот Горен строј на железници. Бил декан на Градежниот факултет (1993–1995). Љ. Т.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *