ЗЕФ, Љуш Марку

ЗЕФ, Љуш Марку (Призрен, 1885 – Ѓаковица, 20. Ⅻ 1920) – Албанец, припадник на македонското социјалистичко и комунистичко движење. Учесник и организатор на Првомајската прослава во Скопје од 1919 г. и на штрајкот на железничарите. Во 1920 г. бил упатен на Косово да агитира за избирање комунистички кандидати на парламентарните избори. На предизборниот митинг во Ѓаковица бил уапсен и по тешки мачења бил убиен. По тој повод КПЈ организирала протестни демонстрации во Скопје и во Белград. ЛИТ.: Работничко и комунистичко движење во Македонија, Скопје, 1970. О. Ив.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *