ЗЕНДЕЛСКА, Лилјана

ЗЕНДЕЛСКА, Лилјана (Штип, 1. Ⅹ 1947) – оперска и концертна певица, сопран, првенка на Операта на МНТ. Дипломирала на Факултетот за музичка уметност во Скопје (1973, проф. К. Трпков). Таа е член на солистичкиот состав на Операта на МНТ (1975– 2005) и носител на драмскиот и младодрамскиот сопрански фах со позначајни остварувања: Аида, Леонора (Трубадур), Тоска, Амелија (Бал под маски), Сантуца (Кавалерија рустикана), Мими (Боеми), Чо-Чо-Сан (Мадам Бетерфлај), Ѓула (Еро од оној свет), Маргарита (Фауст), Марженка (Продадена невеста), Грозда (Б. Трајков, Бразда). Гостувала во Канада, Полска, Италија, Турција, Чешка. Ф. М. Ристо Зердески (Зерде) ЗЕРДЕСКИ (Зерде), Ристо(Прилеп, 5. Ⅷ 1906 – Загреб, 1. Ⅴ 1970) – филмски актер, продуцент и киноприкажувач. Првата школа за филмски актери ја завршил во Загреб (1922), а во истиот град (1927) станал копродуцент на играниот филм „Тие двајцата” (р. Џука Беркеш), во кој ги игра двета главни машки лика. По враќањето во Македонија, го презел киното на Манакиевци во Битола и со киноприкажувачката дејност се занимавал сè до првите повоени години. Ил. П. Љуш Марку

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *