ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРЕТПРИЈАТИЈА

ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРЕТПРИЈАТИЈА – според податоците од Статистичкиот годишник на РМ од 2005 г., вкупниот број деловни субјекти во земјоделскиот сектор изнесува 2.111, при што 1.218 се приватни претпријатија, 529 се друштва со ограничена одговорност, 277 се задруги, 14 се задружни претпријатија, 11 се акционерски друштва итн. Во нив работат 5.332 лица. Индексот на производство (1960=100) кај земјоделските претпријатија изнесува 191 (кај индивидуалните стопанства 249). Располагаат со 101.000 ха обработлива површина; 21.000 условни грла добиток; 1.038 трактори. Од вкупното производство земјоделските претпријатија произведуваат: пченица 95.304 т (26,71%); пченка 7.050 т (4,97%); шеќерна репа 6.892 т (14,59%); сончоглед 6.160 т (79,34%); тутун 152 т (0,70%); грозје 52.281 т (20,53%). Др. Ѓош.