ЗЕКМАНОВА-ЈАКИМОВА, Нада

ЗЕКМАНОВА-ЈАКИМОВА, Нада (Скопје, 2. Ⅵ 1917 – октомври 2002) – учителка и писателка за деца. Завршила Учителска школа во Скопје. Член е на ДПМ (1972). Пишува исклучиво за деца – раскази, сказни, скици и новелети. Првите раскази ги објавила во дневниот и периодичниот печат пред Втората светска војна. БИБ.: Лет на Марс, Скопје, 1972; Пролетни сказни, Скопје, 1975; О паненце, ктерá немлувила, Праха, 1975; Новиот учител, Скопје, 1981; Волшебна насмевка, Скопје, 1983. ЛИТ.: Миодраг Друговац, Македонска књижевност за децу у 1974 и 1975 години, „Детињство“, бр. 3, Нови Сад, 1975, 69; Мурис Идризовиќ, Македонската литература за деца, Скопје, 1988, 50–52; Миодраг Друговац, Македонската книжевност за деца и младина од Џинот до Чинго, Скопје, 1996, 108–111. С. Мл.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *