ЗЕКИР, Рамиз

ЗЕКИР, Рамиз (Охрид, 24. XI – 1933) – кајакар, заедно со Усни Доко. Биле членови на ВК „Стрмец” во Охрид. Во Охрид (1948) учествувале со успех на првенствата на Југославија во кајак-двосед (К-2) на мирни води; освоиле прво место на 1000 м (1952), три први места на 500, 1000 и 10 000 м, а во К-4 на 500 м второ место (1953). Самостојно освоил и прво место во К-1 на 500 м (1950). Во екипна конкуренција освоиле: второ (1950 и 1952), прво (1954) и три трети места (1948, 1949 и 1953). Настапиле за Репрезентацијата на Југославија на Светското првенство на мирни води во Макон (Франција, 1954), а во К-4 го освоиле деветтото место. Д. С.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *