ЗДРАВКОВСКИ, Цане

ЗДРАВКОВСКИ, Цане (Александар) (Врањевци, Битолско, 2. Ⅵ 1936) – професор по македонски јазик и литература, писател (раскажувач, романсиер и драмски автор) и книжевен критичар. Дипломирал на Филозофскиот факултет (Историја на книжевностите на народите на СФРЈ и македонски јазик) во Скопје (1962) и докторирал на тема „Животот и делото на Иван Точко“ (1980). Член е на ДПМ (1971). Бил средношколски професор и советник во Педагошкиот завод во Скопје. Автор е на повеќе книги – романи, раскази, монографии, книжевна и театарска критика. БИБ.: монографии – Иван Точко (1984); романи – Дамка (1968), Синџир (1972), Дојденците на Хера (1980), Огнено вишнеење (1984), Конзулски град (1987), Стела (1991), Лудиот пасторел (1992), Ататурк пророк (1993), Црно злато (1995), Тројниот меч (1996), Аманет (1997), Жешки жени (1998), Мост (1999), Професорот Диман (1999), Нарцисие (1999), Сребрена свадба (1999), Охридскиот лебед (1999), Велеградот (2000); драми – Нарцисие (1983); раскази – Откорнување (1970), Матни води (1999); театарски критики – Драматичари (1973), Сценски видувања (1998); прирачници – Матурата (1996), Методика на наставата по литература (1997), Народната литература во наставата (1998); книжевни есеи и критики – Драматичари (1973), Раскажувачи (1973), Големиот оган (1979), Романот како опсесија (1987), Македонски романсиери (1992), Романот во наставата (1993), Растежот на македонскиот роман (1994), Драмата во наставата (1994), Дваесет романсиери (1995), Расказот во наставата (1995) и Сценски видувања (1998). С. Мл. Здравствениот дом (поликлиника) „Јане Сандански

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *