ЗДРАВКОВСКИ, Драгиша

ЗДРАВКОВСКИ, Драгиша (Свети Николе, 12. Ⅹ 1952) – археолог. Дипломирал на Групата за историја на уметноста и археологија на Филозофскиот факултет во Скопје (1979). Магистрирал (2004) и докторирал (2006) на теми од неолитот во Македонија на Филозофскиот факултет во Скопје. Од 1981 г. работи како кустос во Музејот на Македонија, а во периодот 2001-2002 г. бил и директор на оваа институција. Истражувал на повеќе праисториски и антички локалитети: Алин Дол, Тумба Д. Палчиште, Тумба Стенче, Тумба Маџари, Атици, Стоби и др. БИБ.: За границите на АнзабеговоВршничката културна група во средниот неолит, „МАА“, 11, Скопје, 1990, 51–57; Нењ аспецтс оф тхе Анзабегово-Врсник цултурал гроуп, Хомаге то Милутин Гарасанин, Београд, 2006, 99–110; Култот на Големата Мајка во неолитот на Македонија, „Фолиа арцхаеологица Балканица“, 1, Скопје, 2006, 53–61. Д. З.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *