ЗДРАВЕВА, Милка П

ЗДРАВЕВА, Милка П. (Радовиш, 26. Ⅲ 1940) – научен советник и редовен професор во ИНИ во Скопје, во пензија. Дипломирала на Вишата педагошка школа – група Историја и географија (1964), на Природно-математичкиот факултет – група Географија (1967) и на Филозофскиот факултет – група Историја во Скопје (1973). Магистрирала на темата „Македонија во меѓународниот сообраќај и тровија во ⅩⅤⅠⅠⅠ и почетокот на ⅩⅠⅩ в. (1699-1815)” на Филозофскиот факултет во Белград – група Историја со историска географија (1978), а потоа докторирала на Филозофскиот факултет во Нови Сад на темата „Трговци и занаетчии од Македонија во Јужен Срем и Јужен Банат во ⅩⅤⅠⅠⅠ и првата половина на ⅩⅠⅩ в. и нивната улога” (1992). БИБ.: Македонија во меѓународниот сообраќај и трговија во ⅩⅤⅠⅠⅠ и почетокот на ⅩⅠⅩ век (1699-1815), Скопје, 1986; Трговци и занаетчии од Македонија во Јужен Срем и Јужен Банат во ⅩⅤⅠⅠⅠ и првата половина на ⅩⅠⅩ век, ИНИ, Скопје, 1996; Номадски и полуномадски движења во Македонија, кн. 3, МАНУ, Скопје, 1997 (со коавтор). ЛИТ.: 50 години Институт за национална историја 1948-1998, Скопје, 1998, 114115. С. Мл.