ЗБЕГОВИ ВО ВРЕМЕТО НА ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ

ЗБЕГОВИ ВО ВРЕМЕТО НА ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ (1903) – засолништа во планинските подрачја или во заштитените котлини во кои организирано се собирало цивилното население Збегови по поразот на Илинденското востание (1903) (стари луѓе, жени и деца), кое бегало од теророт и насилствата на османлиската војска и башибозукот. Познати збегови биле: Голем Гар кај Смилево, Рашанец (Охридско), Горна и Долна Дебарца, Копачка, Карбуница, Извор и Душегубица (Кичевско). Недоволно обезбедените збегови биле плен на османлиските сили. Најтрагично настрадале збеговите во Голем Гар и во Рашанец. ЛИТ.: Ристо Дамјановски, Востаната Македонија, Скопје, 1990. В. Ст.